ad

Стил, убавина, живот

Контакт

Мисли од Пауло Коелјо – секој цитат одново предизвикува посебно чувство

Мисли од Пауло Коелјо – секој цитат одново предизвикува посебно чувство
Бразилскиот писател, Пауло Коелјо иако многупати е цитиран, сепак секој негов цитат одново предизвикува посебно чувство. 1. „Ако нешто доволно сакате, цел универзум ќе се потруди таа желба да ви се исполни“. 2. „Кога немав што да изгубам, тогаш имав сè!“ 3. „Што и да прави, секој човек има главна улога во својот живот. Секој има креативен потенцијал и од моментот кога ќе почнете да го користите, може да почнете да го менувате светот“. 4. „Не му се предавајте на стравот. Ако го направите тоа ќе ја изгубите врската со срцето“. 5. „Постои само едно нешто поради кое нема да можете да ги остварите своите соништа, а тоа е стравот од неуспех“. 6. „Сè нешто ми вели дека ќе донесам погрешна одлука, но и тоа е дел од животот. Што сака светот од мене? Дали сака да не ризикувам и да се вратам од таму каде што дојдов, бидејќи не сум имал доволно храброст за да го прифатам животот?“ 7. „Вистински важните средби душите ги планираат многу порано пред да се сретнат телата. Најчесто тоа се случува кога ќе достигнеме некоја граница, кога треба да умреме и емоционално повторно да се родиме“. 8. „Постојат моменти кога во нашиот живот се случуваат неволји и ние тука не можеме ништо. Но, тие се тука со некоја причина. Дури откако ќе ги надминеме и преболиме, сфаќаме зошто биле тука“. 9. „Љубовта не може да се најде на кое било друго место освен во себе. Едноставно, треба да ја разбудиме. Но, за да ја пробудиме, потребна ни е друга личност“. 10. „Кога сакаме некого, секогаш се трудиме да бидеме подобри од претходно. Кога ние се трудиме да бидеме подобри, сè околу нас станува подобро“.
ad
Слично

Поврзани вести